Language:
Најави се [log in] | Регистрирај се [sign up]  


Ало животе...!!!!

Ало животе...!!!! ...

Почетна |Политика | Ало животе...!!!!

Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/u512461618/domains/educirajse.com/public_html/index.php on line 11220

Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/u512461618/domains/educirajse.com/public_html/index.php on line 11234

Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/u512461618/domains/educirajse.com/public_html/index.php on line 11242

Повеќе од една година помина од изборите, а речиси пола година од формирањето на новата влада. Сите очекуваа нешто нормално да се случи, односно очекуваа новата власт да почне со реализација на своите ветувања, а едно од најголемите ветувања беше наречено ЖИВОТ.
Навистина, новата власт предводена од СДСМ сакаше да укаже на својот народ дека сепак со правилно и одговорно работење може да се постигнат успеси и да се овозможи на луѓето да живеат еден нормален живот, со нормален здравствен и пензиски систем и со нормални и адекватни примања соодветни на европските цени.

Па така, тако-званата железна лејди, госпожа министерка Рада, вечити дајнерс политичар и функционер, се фати сериозно со својот сектор Министерство за одбрана и почна со професионализација, но не за влез во НАТО, туку за нешто побитно, за одбрана на својата држава. Па така, госпожата министерка, за овој период успеа режимските и неадекватни кадри да ги расчисти од својот ресор па АРМ конечно доби прави професионалци, а режимските кувари дури и си дознаа дека не можат да бидат тенкисти со завршено средно куварско образование. На неколку пати госпожата министерка дури и јасно укажа на западот дека постоењето на АРМ не е за АРМ да служи за целите на други воени организации, односно на АРМ првенствена цел е заштита на територијалниот интегритет на државата, а се разбира, затоа овие од УЈП и министерство за финансии пељешат некого.

Освен живот во секторот на госпожата со калашников, дојде живот и во секторот на вагата, односно правдата. Па така, препораките на господинот Прибе веднаш и експресно се реализираа. Полицијата претрпе експресни промени. Началници, командири, полициски службеници беа разрешени, а голем број обвинети и осудени за дрпандурок, замижување пред кривични дела и слични кривични глупости. Тотален ремонт се случи и во судовите, а експресно беше ревидиран и обвинителскиот систем на тој претходниот Брко. Тој и многу други пониски обвинители беа осудени за местенки, корупција и слични нечесни работи, а сето тоа делуваше како пример за останатите обвинители како треба да работат за да не поминуваат низ таква голгота.

Па така, бидејќи правдата конечно профункционира во државата, се појави одеднадеш другарот Зајко на бина пред народните маси да им испрати една јасна и гласна порака:

Другари, ветив живот, кажав збор е збор и ете, поголемиот дел од тоа што кажав исполнив, сега сите сте рамноправни пред вагата, т.ест правдата, секој што ќе краде ќе биде казнет, па затоа пазете што прајте, се казнува и за парче леб, а да не зборувам за тегла ајвар произведена од мојата фамилија. Кога сум кај мојата фамилија и кај работничките права, а бидејќи ветив добивање на К-15, а притоа знаејќи ги финтите на мојата фамилија како да заебат некој од своите, сменив неколку закончиња, па сега никој не може да лажира дека фирмата му е на раб на стечај и да избегне исплаќање на заслужено стекнат К-15.

Другари, освен К-15, ја зголемивме и социјалната помош, од 3000 денари ја покачивме на 6000-7000 денари, па ако со 3000 можевте само леб да кркате, сега ќе може и некое јајце да клајте покрај лебо и нешто чиз. За здравство да не зборуваме, претходно постоеше систем според кој ако на вас пациентите ви се правеше некаков хируршки зафат требаше прво да платите две, три илјади евра, па да ве оперираат, а после 2,3, 5 месеци поштено ви ги враќавме парите, но сега тоа не е така, идете директно на операција кај поштени доктори на кои на крај памет, исплашени од преправени полицајци во пациенти, им е да ви побараат 200 евра. Веќе се помалку се бараат донации за операции бидејќи ние го цениме живото и даваме и повеќе од побараното.

Другари, за здравството и социјалата вака да живнат ние моравме да направиме длабок рез во администрацијата. Па од двеста и кусур илјади крлежи, распуштивме песетина илјади. Да ви кажам право имало многу со лажни дипломи и неписмени, па не жалам за тоа, а и самите вие гледате, позитивно било тоа. Другари, ќе го замолам Амди да престане да мавта со морковот, јас сум знаете и вие самите непоткуплив, не се палам на обичен морков, видовте што направив со бандата на Али, му направив услуга на само прогласениот командант, го исчистив од апашите и ајдуците околу него, односно ги клаив во КПД Идризово. Тие не биле бре никаква војска, туку ајдук до ајдук, дури и на другарот Али му го дрпнале часовникот..., али да не должам.

Другари, знаете режим не се бута само со промена на режимот, се иде подлабоко, немаше да се местат случаи ако службениците поштено си работеа, па нема милост и за сите останати, нека бидат за пример. А за комисии, регулаторни тела..., и кривични и промени, а кога сме кај регулаторната комисија сакам да напоменам дека нема да има дополнителни акцизи како што министерката Калашников побарува кога ќе снема пари за чизми за војската оти вие поданиците не сте во ЕУ, а и многу долго нема да бидете, па да се рамниме во нешто со нивните поданици.

Другари, ветив инвестици и ја ги..., не можеме глава да кренеме од истите, мака мачиме кај да ги клајме. Директоро за зоната Бунарџик е постојано на терен таму, со метро в’рака, бара метар плус барем ако не за постројки да се најде место за кенеф за тие што ден губат таму. А кога сме кај зоната и фабриките, сакам да укажам на една единствена мерка како го расчистив воздухот низ Скопје: Пративме поштени инспектори по фабриките и опа, следечи ден чист воздух. Па другари, селото Миладиновци е местото со најзагаден воздух и тоа не е Центар па да се каже дека сообраќајот најмногу загадувал, село е! Логички, тоа се фабриките од зоната Бунарџик кои треба да си клаат филтри и да бидат предмет на почести инспекции...!

Абе другари, глеате, само со работа се постигнува успех, а не како Буле и некои други само да фрлаат морков и да ве залажуваат со ЕУ-НАТО, ЕУ-НАТО, па вие сте интелигентни другари, има време за таму, но нема време за живото и не смее да се филозофира, само работа...! Ако ви беше за ЕУ сите ќе извадивте бугарски пасоши, логично, нели?

А да другари, ќе заборавев за името, па ние одсекогаш сме биле Македонија, македонци и ќе останеме. Како што Србија не влегува во ЕУ под услов да се откаже од Косово така ние ќе кажеме не за ЕУ ако не сме Македонија. А и самите гледаме, Албанија влезе во НАТО, Блгарија од поодамна во ЕУ и НАТО и штоако..., ако не ние, србите се многу подобри од нив! А и на крај краеви нема да ни се слоши од руски гас..., тука е мириса, тече, се чуствува, треба само да побараме, а русите не ни поставуваат предуслови. Но, за сето тоа да се постигне другари е потребна макотрпна работа, макотрпна. А да, заборавив да кажам за проектот Вардарска долина, намалувањето на давачките за увоз на моторни возила, и да, се разбира, за модернизирањето на затворските установи....

И во тој момент Амди се разбуди испотен и збунет....

(Текстов за жал не отсликува вистински настан па затоа.., знаете што нема)


Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/u512461618/domains/educirajse.com/public_html/index.php on line 11248

Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/u512461618/domains/educirajse.com/public_html/index.php on line 11274
Број на посети: 5


Друго интересно...!

 

Лекции што ние ви ги препорачуваме:
Windows XP Professional

Започни и ти самиот да го инсталираш Windows XP pro оперативниот систем на твојот компјутер и научи како истиот да го конфигурираш и осигураш. Лекциите се со слики што овозможува нивно непречено следење.

Интернет англиски

Учи англиски преку интернет од било каде, било кога и колку сакаш. Немаш потреба од досадни професори, кога сакаш правиш пауза кога сакаш учиш.


Почетна | Контакт | За сајтов | Спонзори | Политика на приватност | Поништување на регистрација 
Copyright © www.educirajse.com - 2012
Сите права се задржани