Производи

Почетна - Производи
По формирањето на категориите и под-категориите вие можете да почнете со внесување на производи! Доколку сакате да внесете нов производ вие треба само да кликнете на Внеси производ и потоа треба да ги внесете останатите детали за производот, како што се:

- Категорија
- Под-категорија
- Производ
- Цена
- Количинска единица (Парче, Кг,м2) – ова може да се изостави доколку не се планира да се користи фактурирање.
- Опис на производот
- Количина, каде имаме да избереме една од две опции! Првата опција ја избираме доколку сакаме да дефинираме број на производи за еден единичен производ кој што има само една големина, а втората за еден ист производ со различни големини! На пример едни патики може да бидат различни броеви, па така во тој случај треба да се одбере втората опција и да се напишат бројките што се однесуваат на големината (на пример 40,41,42) и да се запишат нивните количини (што ги имаме на располагање во магацин).
- Тежината на производот ја дефинираме на крајот, а истата ние е важна за дефинирање на цената на достава што ја имаме зачувано во делот што се однесува на поштенските служби.

Штом се изврши внес на новиот производ во Shop-Z системот ќе добиеме опција за внесување на видео/слики за истиот производ, а исто така ќе биде овозможено да се дефинираат попусти/дисконти.



Copyright © www.educirajse.com - 2014 and SHOP-Z 2014
Сите права се задржани
Услови на користење | Политика на приватност | Рефондирање