Откога ќе креираме одреден производ за истиот можеме да прикачиме слики или видео! Во поглед на видеата имаме две опции, првата е да објавиме видео на youtube и URL патот до истото да го зачуваме во Shop-Z системот кај производот, а потоа тоа видео ќе биде достапно за купувачите! Втората опција е самите да направиме upload на видеото кај производот (Производ- дугме: Стави слики за овој производ-Upload Files). Видеото потребно е да биде во AVI формат и штом го селектираме и прикачиме автоматски ќе се создаде мала сликичка за него, поголема слика како почетен дел на нашиот flash player и видеото веднаш ќе биде достапно за нашите купувачи. Бидејќи втората опција бара одредени скрипти да бидат инсталирани на вашиот сервер, а и видеата што ќе бидат прикачени ќе бидат ставени на вашиот сервер и повеќе место ќе зафаќаат, препорачуваме да ја користите првата youtube опција како посигурна и поекономична варијанта доколку се разбира сте лимитирани со хостинг простор.
Сликите се прикачуваат на ист начин како видеата и истовремено можат да се прикачат повеќе слики. При прикачувањето (upload) на сликите димензиите на сликите ќе бидат модифицирани, односно намалени за да одговараат на ProReader читачот, а и ќе се креираат помали сликички – thumbnails што ќе бидат прикажани во ProReader читачот и системот како соодветни линкови до производите.
ProReader читачот претставува дел од Shop-Z системот преку кој вашите купувачи ќе можат да ги разгледаат сликите за секој ваш производ.