Плаќања

Почетна - Плаќања
Shop-Z системот го подржува платежниот систем на Paypal за кредитни картички и Hand to Hand системот за плаќање во кеш при самата испорака на производите.

Во поглед на Paypal системот Shop-Z го подржува express checkout и direct checkout. Со express checkout купувачот се префрла на сајтот на paypal каде се логира и се препраќа назад да ја види својата нарачка. Доколку според купувачот се е е во ред и го комплетира купувањето трговецот ќе добие веднаш известување од paypal со трансакционен број и статус на купувањето – КОМПЛЕТИРАНО, а сето ова ќе биде на соодветен начин зачувано во базата на податоци во делот за нарачки.

Во вториот случај со Direct Checkout плаќањето купувачот не го напушта Shop-Z системот, неговите податоци од кредитната картичка ќе бидат во позадина на системот искомуницирани до paypal и ако се е во ред paypal на трговецот ќе врати одговор со статус КОМПЛЕТИРАНО и трансакционен број на купувањето, а SHOP-Z системот сето тоа ќе го зачува во нарачките.

Идејата со Hand to Hand (Рака на Рака) плаќањето е да се овозможи плаќање во кеш при самата испорака на производите! За да се користи овој модул треба да биде активиран во делот: Други параметри – Hand to Hand

Kога ќе се активира овој модул треба да се назначи колку трговецот ќе наплаќа за достава на 1кг производ бидејќи трговецот ќе биде тој што ќе ги доставува производите и истовремено ќе ги наплаќа при самата нивна достава.

Кога ќе биде активиран овој модул купувачот ќе има можност да го нарача производот, да остави свои контакт детали, вклучително и телефон за трговецот да може да го исконтактира и да договори термин кога производите да се достават и наплата за истите се разбира да се комплетира.

Copyright © www.educirajse.com - 2014 and SHOP-Z 2014
Сите права се задржани
Услови на користење | Политика на приватност | Рефондирање