Language:
Најави се [log in] | Регистрирај се [sign up]  


Mission impossible – промена на името

Mission impossible – пром...

Почетна |Политика | Mission impossible – промена на името

Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/u512461618/domains/educirajse.com/public_html/index.php on line 11220

Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/u512461618/domains/educirajse.com/public_html/index.php on line 11234

Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/u512461618/domains/educirajse.com/public_html/index.php on line 11242

Новата власт на СДСМ заглави кај промената на името, а тоа најмногу поради зголемената зрелост на македонскиот електорат.

Македонскиот народ пред година и осум месеци гласаше против Груевски и го смени од неговата позиција, а Заев таквото негативно расположение против претходниот режимски лидер, како што тој го нарекува, неуспешно се обидува да го насочи во полза на промена на името на државата, за што и на самиот тој од ден на ден му станува појасно.

Поради обидот за промена на името се чини дека Заев и неговата влада не превземаат никакви реформи со цел подобрување на буџетската ликвидност, односно ликвидноста на пензискиот фонд и намалување на задолжувањата. На секоја нормална власт приоритет би ѝ била департизацијата на институциите и намалувањето на вработените од истите кои буквално земаат плата, а нишаат врата, а тоа со цел да не се пројави незадоволство кое потоа би се рефлектирало врз политиката на власта по однос на обидот за промена на името.

Не е јасно кои се причините за ваквата желба да се промени името бидејќи државата нема ништо добро да добие во брз, среден па и долг рок. Македонија дури и да го промени името не би влегла во ЕУ во наредните 25-30 години бидејќи процесот на зачленување во ЕУ е прилично долг со пред-пристапни преговори, а членството во НАТО не значи добивање грантови и пари, туку спротивното, 3% од буџетот или околу 90 милиони евра треба да се издвојуваат секоја година. Нормален граѓанин би се запрашал што Македонија добива со фрлањето пари за јенките и енглезите да си прават авантури на блискиот исток, а пред се тоа досега требаше да биде одговорено од страна на македонските власти.

Иако меѓународните фактори пробуваат да извршат влијание кај јавноста за промена на името тоа засега се уште нема ефект, а и најверојатно нема да има бидејќи македонскиот народ повеќе ги интересира сегашноста и блиската иднина, а не таа со која до пред некоја година се занимавала баба Ванѓа.

Иако новата власт очигледно ги придоби поранешните телевизии на режимската власт со надеж дека сега ќе одработуваат за нив (поради опростување на одредени кривични дела на нивните газди), истата ги заборави социјалните медиуми, а токму преку овие граѓаните поточно и непристрасно се информираат за сите работи што се одвиваат во државата.

Заев се обиде сограѓаните да ги исплаши од непријателско руско влијание, но истиот заборави дека граѓаните знаат доволно географија и им е доволно јасно дека ниту еден руски авион не може да прелета без дозвола на НАТО сојузот, па ниту тој обид за оправдување на промената на името не му успеа. Ваквиот обид исто така му пропадна и поради пријателството и блискоста на македонскиот и рускиот народ, а и поради фактот што македонските граѓани го сметаат Путин за еден од поистакнатите светски лидери.

На Заев изгледа нема од помош да му биде дури и евентуалното доаѓање на Трамп, кој што за најмалиот сојузник во НАТО, Црна Гора, даде прилично непријателска изјава со која на таа земја членка индиректно и порача дека не е добредојдена во НАТО, а за разлика од Путин, Трамп не ужива некаква голема поддршка кај македонските граѓани.

Македонските граѓани ги интересира борбата против корупција, департизацијата, независното правосудство, а новата власт во овој дел потполно потфрли, а поради тоа добивме и корпа од страна на Франција, Данска и Холандија за отпочнување на предпристапни преговори.

Не е јасно кои се причините поради кои СДСМ и Заев по вторпат ризикуваат со обидот за промена на името да излетаат за кратко време и на подолг период од власт, но македонските граѓани не даваат поддршка ниту на СДСМ ниту на ДПМНЕ во сите нивни политики.

Факт е дека власта манипулира со граѓаните во насока да ги натера да си го сменат името на својата држава, факт е дека и да се смени името на државата не е сигурно дека од 2035-2040 година ќе станеме членка на ЕУ, а и факт е дека членството во НАТО не значи добивање пари, туку давање, а исто така факт е дека за привлекување на странски инвестиции најглавен фактор е некорумпиран и професионален систем и евтини енергенси, а во овој дел власта најмногу потфрли.

Значи, и да го промениме името менталитетот ни останува ист. Новата власт ја заборави предизборната програма во фиока и се обидува да го постигне невозможното, да организира референдум на кој со интриги и лажно предвидување да го насочи својот народ да си го промени името на државата, а дури и да не излегол на референдум не е јасно како власта со институциите би го промениле името кога немаат двотретинско мнозинство.

Македонија еднаш смени знаме, другпат прифати ФИРОМ за во ОН, е веќе ова е трета желба за промена на устав, а Македонија ако е златна рипка тогаш може да удоволи, а во спротивно треба да се однесува државнички и да си го заштити уставот и името, а за алтернативи секогаш постојат, тоа е пријателството и соработката, независно дали доаѓа од САД, ЕУ, Русија или Кина. Македонија со сите треба да тргува, вклучително и со Русија, а рускиот гас и трговијата со истата со земјоделски производи е приоритетна, а таквото нешто може да се реализира само со добра, пријателска и неутрална политика. Ако Германија може да има руски гас, тогаш зошто ние да не би имале?

Политичарите ако не успеаа да кажат кога како Македонија ние би влегле во ЕУ, тогаш истите ништо не ги спречува да кажат кога би влегле во тој сојуз како Северна Македонија. Но, беља работа, проблемот бил кај гатачката, таа гледала само до 30-40 години, подолго од тој период било премногу за неа...


Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/u512461618/domains/educirajse.com/public_html/index.php on line 11248

Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/u512461618/domains/educirajse.com/public_html/index.php on line 11274
Број на посети: 666


Друго интересно...!

 

Лекции што ние ви ги препорачуваме:
Windows XP Professional

Започни и ти самиот да го инсталираш Windows XP pro оперативниот систем на твојот компјутер и научи како истиот да го конфигурираш и осигураш. Лекциите се со слики што овозможува нивно непречено следење.

Интернет англиски

Учи англиски преку интернет од било каде, било кога и колку сакаш. Немаш потреба од досадни професори, кога сакаш правиш пауза кога сакаш учиш.


Почетна | Контакт | За сајтов | Спонзори | Политика на приватност | Поништување на регистрација 
Copyright © www.educirajse.com - 2012
Сите права се задржани