Language:
Најави се [log in] | Регистрирај се [sign up]  


Како да ги заштитиме нашите миленици од отров

Како да ги заштитиме наши...

Почетна |Забавно-информативно | Како да ги заштитиме нашите миленици од отров


Има 1 слики

Многу од нас чуваат миленичиња кои за жал, за разлика од другите помодерни општества, се во многу поголем ризик од смрт поради удар од транспортно средство или фрлен отров. Навистина, во западните земји, на пример Велика Британија, културата на возачите и на самите луѓе е на толку високо ниво што е речиси невозможно да видите некое згазено или отруено милениче.

Во нашата земја, за жал, полицијата, јавното обвинителство и судството се толку мизерни што не се замараат со гонење на извршителите на таквите дела, дури и да има индикации дека се знае сторителот на таквите дела. За жал, повеќето од полициските службеници, примени преку партиска книшка, недоволно образовани, немаат ниту основни познавања од основните делови од Кривичниот законик, па не е ниту чудо што истиот во целост не го спроведуваат, односно не отпочнуваат некаква постапка при труење на миленици, во случајов кутриња и мачиња.
Бидејќи полицијата не спроведува никаква истражна постапка дури и против познати сторители, бидејќи судството досега нема ниту една затворска казна изречено против сторител на труење на миленик, не е чудо што ниту граѓаните не пријавуваат такви дела, особено доколку се работи за непознат сторител .

Но, иако полицијата, јавното обвинителство и судството ни се толку мизерни, на нас, сопствениците на миленици, не ни преостанува ништо друго освен да се обидеме што подобро нив да ги заштитиме.
Нашите миленици ни се најсигурни кога се со нас, во нашиот стан или куќа или пак во нашиот двор! Се разбира, не можеме и не смееме целосно да им го ограничиме движењето надвор во природата..., но, доколку живееме во некоја селска средина, каде има помалку сообраќај можеме тоа движење делумно да им го намалиме. Но, иако успееме тоа движење делумно да го намалиме, сепак нашите миленици се во ризик некако да дојдат до отров фрлен од неодговорен граѓанин. Дури и да го изедат отровот, ние можеме миленичето да го спасиме доколку многу брзо интервенираме . Во најраната фаза од труењето симптомите најчесто се во форма на нерасположеност, омалаксаност, губење на рамнотежа, неподвижност, повраќање и тн .

Доколку забележиме такви симптоми, а нашиот миленик претходно бил надвор, вон нашиот видик, речиси 99% е сигурно дека миленичето ни е затруено, а доколку не интервенираме речиси 100% е сигурно дека истото ќе ни умре. Многу од нас, во ваква ситуација, би повикале ветеринар, кој за жал, најверојатно не би дошол веднаш, би задоцнил, а и да дојде на време, без знаење за каков отров се работи,тој не може нешто повеќе да стори. Ставањето само инфузија во случај на труење, без да се таргетира отровот што миленичето го индигестирало..., е начин како ветеринарот да ја оправда ветеринарната интервенција кај вас! Се разбира, паметно е да повикаме ветеринар, но пред да повикаме (додека да дојде) и ние можеме да сториме нешто со кое овозможуваме нашето милениче да го преброди труењето. Кај нас, во нашите аптеки, постои медицинска глина, во форма на прашак (SMECTA). Овој прашак, најмалку едно ќесенце, се меша со млеко или вода и со помош на шприц се аплицира во устата на нашето милениче. Откако нашето милениче ќе го испие овој прашак истиот ги апсорбира токсините од неговите цревни мембрани.

После аплицирањето на овој прашак подобрување на состојбата може да се очекува за многу кратко време, 2-5 часа. Затоа, бидејќи навистина се грижиме за благодетот на нашите миленици, наша должност е во секое време да имаме ваков противотров и еден шприц за да можеме истиот да го аплицираме кај нашето милениче.

Број на посети: 819


Друго интересно...!

Сок од брокули помогна на пациент да го победи ракот на бешиката

Пациент заболен од рак на мочниот меур тврди дека прекинот на ширењето на негови

 

Лекции што ние ви ги препорачуваме:
Windows XP Professional

Започни и ти самиот да го инсталираш Windows XP pro оперативниот систем на твојот компјутер и научи како истиот да го конфигурираш и осигураш. Лекциите се со слики што овозможува нивно непречено следење.

Интернет англиски

Учи англиски преку интернет од било каде, било кога и колку сакаш. Немаш потреба од досадни професори, кога сакаш правиш пауза кога сакаш учиш.


Почетна | Контакт | За сајтов | Спонзори | Политика на приватност | Поништување на регистрација 
Copyright © www.educirajse.com - 2012
Сите права се задржани