Доколку имате потреба од брзи професионални преведувачки услуги по пристапна цена Вие сте на правото место.
Educirajse.com врши преводи на документи од македонски јазик на англиски и француски и обратно. Цената на преводите се движи од 200 до 600 денари од страна (една страна=1800 карактери без празно место/space), како што е прикажано во долниот ценовник.
Преводот се врши на професионален начин од секоја перспектива, било од граматичка или терминолошка, а постапката се одвива на следниот начин:
- Ни се доставува материјалот, се утврдува за колку страници станува збор (бројот на карактери може да се види во Review-Word Count во Ворд) и Ви кажуваме однапред колку ќе Ве чини услугата.
- Пред да се започне со преводот се врши уплата на 20%-30% од договорената цена за преводот со цел да се гарантира дека клиентот нема да се откаже од договорот за превод иако преводот е во фаза на изработка.
- Откако ќе се изработи преводот клиентот се известува за истото при што се договара начинот на достава на преводот (преку и-мејл/пошта/како линк што содржи фајл за спуштање/лично на рака) откако останатите средства за услугата (70%-80% од договорената сума) ќе се исплатат.
ЦЕНОВНИК |
Студенти (мин 5 страници) | 200 ден страна /1800 карактери |
Физички лица | 300 ден страна /1800 карактери |
Правни лица | 450 ден страна /1800 карактери |
Меѓународни организации | 600 ден страна /1800 карактери |
Судски превод со печат | 350 ден страна (извод, диплома,в.дозвола и тн.) |
Преводите ги вршат стручни лица со универзитетска диплома за судски преведувач, а корисници на преведувачките услуги се и организации како што се Европската Унија, ОБСЕ и други, но се разбира по цени различни од овие во оваа понуда. За студентите важи поевтина тарифа, од 200 денари од страна, под услов материјалот за превод да не биде помалку од 5 страни.
За информации можете да ни пишете директно од нашиот веб сајт, а доколку сакате да ни испратите фајл за превод тогаш тоа можете да го сторите од оваа и-мејл адреса: ahristovski82@gmail.com
ПЛАТИ ЗА ПРЕВОД СО VISA КРЕДИТНА КАРТИЧКА!