Language:
Најави се [log in] | Регистрирај се [sign up]  


HTML - веб дизајн!

HTML - веб дизајн

Почетна | HTML - веб дизајн
HTML (Hyper text mark-up language) претставува јазик со кој се прават веб страни и сајтови.

Во денешниот свет во кој владеат информатичките технологии е мошне важно да се владее овој јазик, а самото тоа ви гарантира понатамошен успех во вашата кариера и живот.

Преку еден веб сајт компаниите можат да си ги промовираат нивните производи и услуги, а можат и да овозможат on-line продажба.

Освен тоа, HTML јазикот е предоснова на веб програмирањето. Така, ако сакате да научите некој јазик од областа на веб програмирањето како што е PHP вие претходно треба да имате познавања од HTML.

Лекциите по HTML се наменети за почетници и достапни се преку интернет. Преку нив ќе видите како се прави една веб страна и како може да се објави на интернет.

На нашиот сајт ќе имате можност да го преземете работниот/пишуван фајл (во кој е пишуван HTML кодот) и во случај да не можете да разберете како нешто треба да се направи вие само ќе треба да го спуштите истиот, да го отворите и видите што треба да се направи.

Освен HTML на нашиот сајт ќе најдете лекции по Javascript, CSS и Flash кои се многу важен дел од веб дизајнирањето и веб програмирањето.
 
Број на лекции: 17   
Лекциите може да ги следат: почетници


Лекции што ние ви ги препорачуваме:
Windows XP Professional

Започни и ти самиот да го инсталираш Windows XP pro оперативниот систем на твојот компјутер и научи како истиот да го конфигурираш и осигураш. Лекциите се со слики што овозможува нивно непречено следење.

Интернет англиски

Учи англиски преку интернет од било каде, било кога и колку сакаш. Немаш потреба од досадни професори, кога сакаш правиш пауза кога сакаш учиш.


Почетна | Контакт | За сајтов | Спонзори | Политика на приватност | Поништување на регистрација 
Copyright © www.educirajse.com - 2012
Сите права се задржани