Значи сакате да одите еден чекор повеќе од html со тоа што ќе започнете да веб програмирате? Ако одговорот е позитивен осигурајте се дека сте ги следеле лекциите по html и започнете со следење на нашите лекции по PHP.
PHP претстаува јазик за веб програмирање.
Со него се прават динамични веб страни, интернет продавници и со помош на истиот можеме да се поврземе и да комуницираме со бази на податоци.
Со овој јазик можеме да креираме системи за логирање со корисничко име и лозинка, да процесираме кредитни картички и многу друго.
Лекциите по PHP се наменети за почетници, содржат примери и работните фајлови (во кои е пишуван PHP кодот може да се преземат/спуштат на вашиот компјутер за да можете подобро да видите што вие треба да сторите.
Преку нашите лекции вие
ќе научите како да креирате веб сајт со PHP, како да се конектирате со MYSQL база на податоци во која ќе внесувате или променувате податоци, систем на логирање
преку кој ќе можете да го ограничите пристапот до одредени делови од еден веб сајт за одредени посетители и многу друго.
Број на лекции: +38   
Лекциите може да ги следат: почетници