Warning: getimagesize(http://educirajse.com/graphics/83_big/kick hell ass.jpg): failed to open stream: HTTP request failed! HTTP/1.1 400 Bad Request
in /home/u512461618/domains/educirajse.com/public_html/index.php on line 65
Да, денес патувањето низ светот не претставува повеќе луксуз. Со авиокомпаниите како што се EasyJet, Ryanair и Wizz Аir многу метрополи ни се на дофат за само 1 500 денари. За жал со Wizzair цените на летовите од Скопскиот аеродром не се толку евтини како што е случајот со летовите од Софија каде на Wizzair конкуренција му прават компаниите EasyJet и Rayannair.
Но, сепак, има неколку интересни трикови како да купите повратна карта за не повеќе од 100 евра. Прво, кога купувате карта гледајте да не се фокусирате на точно определен ден и обидете се да ја купите во период не пократок од 3 недели бидејќи како се доближува времето на летот цената на картата обично расте. Кога ќе одбирате начин на чекирање одберете самите да се чекирате (web checking), а не да се чекирате на аеродром и притоа да платите дополнителни 10 евра. Повратната карта не ја купувајте веднаш доколку нема некоја поевтина, проверувајте почесто на нивниот веб сајт и обидете се да најдете некоја поевтина карта. При патувањето до одредена дестинација обидете се до таму да отидете со мал ранец, а притоа таму да си купите тоа што ви треба и така да заштедите уште 1000 денари за најмалата торба што можете да ја понесете со вас за таа тарифа. Кога пристигнувате на аеродромот во странство, обидете се да најдете поевтин автобуски превоз до вашата дестинација, на пример ако сте тргнале за Лондон и авионот слетал на Лутон вие можете преку интернет да купите евтина автобуска карта преку EasyBus што би ве чинело не повеќе од 140 денари (2 фунти- се разбира доколку тоа го сторите порано). Во споредба со такси превозот од аеродромот Лутон до одредена дестинација во Лондон би ве чинело околу 80 фунти (6 400 денари), а се разбира за нашиот стандард тоа не е баш евтино...!
Започни и ти самиот да го инсталираш Windows XP pro оперативниот систем на твојот компјутер и научи како истиот да го конфигурираш и осигураш. Лекциите се со слики што овозможува нивно непречено следење.