Language:
Најави се [log in] | Регистрирај се [sign up]  


Користа од мачка миленик

Користа од мачка миленик...

Почетна |Здравје | Користа од мачка миленик


Има 2 слики

Кога чуваме мачка миленик користа е заедничка, а не еднонасочна. Се разбира, нашиот миленик добива храна, вода, покривче, медицинска нега и слично, но за возврат ние добиваме уште повеќе. Еве некоја корист од чувањето мачка миленик.

  • Го намалува стресот: Имањето мачка миленик и интеракцијата со нејзе го намалува стресот, едно галење е доволно за да ни ги пренасочи мислите од евентуалните проблеми. Дружењето со мачката миленик го смирува организмот, а тоа се должи на фактот што таквата интеракција доведува до лачење на смирувачки хемикалии во нашиот организам.

  • Го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести и срцеви удари Со истражување спроведено во Институтот за мозочни удари во Минесота е докажано дека за тие што немаат мачка миленик е 30%-40% поверојатно дека ќе умрат од срцеви заболувања споредено со имателите на мачки миленици.

  • Ги намалува триглециридите и нивото на холестерол: Високото ниво на триглецириди и холестерол допридонесуваат за срцеви болести и се симптоматични за дијабетес од 2-от тип, како и за мозочни удари, болести на црниот дроб и бубрезите. Се разбира, намалувањето на тоа високо ниво води кон намалување на ризикот за вакви болести.

  • Го намалува крвниот притисок: Познато е дека имателите на мачки миленици имаат понизок крвен притисок поради смирувачкиот ефект што нивните миленици го создаваат, а се разбира тоа води кон подобро кардиоваскуларно здравје.

  • Ја подобрува дружељубивоста: Имањето на мачка миленик обезбедува природен почеток на конверзација и може да ја зајакне способноста на сопственикот да се социјализира. Едно истражување откри дека жените повеќе ги привлекуваат мажи кои поседуваат мачки миленици бидејќи имањето мачка миленик често укажува на чувствителност и интелигенција.


Број на посети: 819


Друго интересно...!

 

Лекции што ние ви ги препорачуваме:
Windows XP Professional

Започни и ти самиот да го инсталираш Windows XP pro оперативниот систем на твојот компјутер и научи како истиот да го конфигурираш и осигураш. Лекциите се со слики што овозможува нивно непречено следење.

Интернет англиски

Учи англиски преку интернет од било каде, било кога и колку сакаш. Немаш потреба од досадни професори, кога сакаш правиш пауза кога сакаш учиш.


Почетна | Контакт | За сајтов | Спонзори | Политика на приватност | Поништување на регистрација 
Copyright © www.educirajse.com - 2012
Сите права се задржани