Language:
Најави се [log in] | Регистрирај се [sign up]  


Чист воздух, како да ги намалиме пи-ем честичките

Чист воздух, како да ги н...

Почетна |Здравје | Чист воздух, како да ги намалиме пи-ем честичките


Има 4 слики

Пи-ем честичките што се мерат во воздухот се невидливи со голо око и истите имаат димензии од 10 микрометри (Пи-ем 10), 2.5 микрометри (Пи-ем 2.5) и 100 микрометри (TSU). Честичките што се поголеми од 10 микрометри обично застануваат во носот благодарение на влакненцата од носната празнина. Нивото на пи-ем честичките обично не треба да биде поголемо од 50 µg/m3 за пи-ем 10 честичките, а 25 µg/m3 за пи-ем 2.5 честичките.

Честичките помали од 10 микрометри без проблем можат да навлезат во нашите бели дробови и да го погодат нашето здравје. Некои од познатите ефекти на овие честички врз нашето здравје вклучуваат иритација на очите, грлото и белите дробови. Вдишувањето на овие честички може да доведе до влошување на веќе постоечките респираторни заболувања како што се астмата или бронхитисот.

Меѓународните истражувања покажуваат поврзаност помеѓу нивоата на честичките и бројот на починати лица на годишно ниво.

Пи-ем честичките настануваат како резултат на согорување на гориво, како што е јагленот, дрвото, мазутот, при употреба на транспортни возила и индустриски процеси, а истите ја намалуваат видливоста, како што е покажано на една од фотографиите.

Во Македонија пи-ем честичките се на највисоки рекордни нивоа овие последни години. За жал, властите имаат директен удел во тоа преку качувањето на сметките за парно, сметките за струја, нереализирањето на проекти за гасификација, а сето тоа доведе граѓаните во градските средини да се откажуваат од парното греење и греењето на струја и да преминуваат на огрев на дрва, како поевтина варијанта на греење.

Освен огревот како фактор за зголемените пи-ем честички, и индустријата претставува голем фактор, ако не и поголем од огревот на дрва, за зголеменото ниво на пи-ем честички во градските средини. Паметна еко политика е индустриските капацитети да се градат на поголемо растојание од населените места (особено градските), а во спротивно инспекциските служби треба да се осигурат дека истите капацитети имаат инсталирано соодветни филтри (керамички) на своите инсталации, особено бидејќи некогаш овие честички можат да пропатуваат и на друго место од местото на создавање.

За жал, и економската зона Бунарџик,изградена од пред 10-на години, на оддалеченост од само 7 км од Скопје, содржи индустриско-хемиски капацитет , Џонсон Мети кој само ја влошува и онака лошата состојба со загаденоста на воздухот. Имено, овој индустриски капацитет испушта гасови само во ноќните часови..., што, според граѓаните на тоа населено место, укажува на обид загадувањето да се прикрие... Во населеното место Миладиновци, оддалечено на само 1-2 км од овој капацитет, нивото на пи-ем честички е исто така надвор од дозволената граница.

Решението за загаденоста и намалување на овие пи-ем честички е јасно и едноставно, тоа е намалување на цената на парното греење и струјата, гасификација на населените места со цел граѓаните, особено тие од градските населби, да преминат на поеколошки начин на греење, а и градење на индустриско-хемиски капацитети на поголема оддалеченост од градските средини и спроведување на законските одредби за поставување на филтри на веќе изградените и ново изградените индустриски капацитети.

А до тогаш...., подолг престој на планина...!

Број на посети: 689


Друго интересно...!

Сок од брокули помогна на пациент да го победи ракот на бешиката

Пациент заболен од рак на мочниот меур тврди дека прекинот на ширењето на негови

 

Лекции што ние ви ги препорачуваме:
Windows XP Professional

Започни и ти самиот да го инсталираш Windows XP pro оперативниот систем на твојот компјутер и научи како истиот да го конфигурираш и осигураш. Лекциите се со слики што овозможува нивно непречено следење.

Интернет англиски

Учи англиски преку интернет од било каде, било кога и колку сакаш. Немаш потреба од досадни професори, кога сакаш правиш пауза кога сакаш учиш.


Почетна | Контакт | За сајтов | Спонзори | Политика на приватност | Поништување на регистрација 
Copyright © www.educirajse.com - 2012
Сите права се задржани