Language:
Најави се [log in] | Регистрирај се [sign up]  


Сок од брокули помогна на пациент да го победи ракот на бешиката

Сок од брокули помогна на...

Почетна |Здравје | Сок од брокули помогна на пациент да го победи ракот на бешиката


Има 2 слики

Пациент заболен од рак на мочниот меур тврди дека прекинот на ширењето на неговиот рак се должи на чаша сок од брокули што ја пие секое утро.

Според Дејли Мејл, пред 5 години докторите на Реј Висеман му рекле дека тој нема да ја преживее болеста, но рендген снимките покажуваат дека ракот престанал да се шири. Висеман, кој живее во Браунстон, Лејкестершир, вели: „Го пијам овој џус секој ден. Знам дека ми има направено добро.“

Неговата 72 годишна сопруга, Џоан, започнала да му прави џус од брокули откако нејзин пријател и кажал за лековитите својства на зелените зеленчуци. Во секоја пола чаша џус, таа комбинира глава брокули со некое јаболко и морков со цел да го подобри вкусот.

Таа вели: „Веруваме дека неверојатната среќа на мојот сопруг се должи на брокулите. Се надевам дека нашето искуство ќе помогне на други лица заболени од рак“.

Научници од организацијата на Велика Британија задолжена за истражување на ракот(Cancer Research UK) ја замолиле да им го даде рецептот со цел понатамошно изучување на корисните својства на зеленчукот.

Британски научници од Институтот за проучување на храна откриле дека мажите кои јаделе еден таков дневен оброк имале променети модели на генетски активности што сугерира дека хемикалиите во тој зеленчук можат да го намалат ризикот за рак на простата.

Според извештај објавен во Британскиот весник за рак во 2006 година природните хемикалии откриени во некои зеленчуци, како што се брокулите, карфиолот и зелката, можат да го зајакнат поправувањето на ДНК во клетките, а тоа може да помогне тие да не станат канцерогени.

Број на посети: 645


Друго интересно...!

 

Лекции што ние ви ги препорачуваме:
Windows XP Professional

Започни и ти самиот да го инсталираш Windows XP pro оперативниот систем на твојот компјутер и научи како истиот да го конфигурираш и осигураш. Лекциите се со слики што овозможува нивно непречено следење.

Интернет англиски

Учи англиски преку интернет од било каде, било кога и колку сакаш. Немаш потреба од досадни професори, кога сакаш правиш пауза кога сакаш учиш.


Почетна | Контакт | За сајтов | Спонзори | Политика на приватност | Поништување на регистрација 
Copyright © www.educirajse.com - 2012
Сите права се задржани