Language:
Најави се [log in] | Регистрирај се [sign up]  


Миноксидил-раст на коса

Миноксидил-раст на коса...

Почетна |Здравје | Миноксидил-раст на коса


Има 2 слики

Значи така, опаднала косата и мислите дека не можете ништо да сторите за истата да почне одново да расте? Така можеби било до пред некое време, но од август, 1988 година, овој лек е и официјално признат од Федералното биро за лекови на САД како ефикасен лек за борба против ќелавоста. Пред производство на топикален лек против ќелавост, постоел ист таков лек во форма на таблети за лечење на висок крвен притисок, а кај пациентите што го пиеле се јавувале несакани ефекти како што е раст на влакна по целото тело што научниците ги навело на тоа дека овој лек може да се искористи за третман на ќелавост.

Лекот е првенствено наменет против андрогенска (хормонска/наследна ќелавост), но и останатите видови на ќелавост се лечат со истиот. Постои во два концетрата, 2% и 5%. Поради можните несакани ефекти како што е раст на влакна по останатиот дел од телото обично жените користат миноксидил во послаба форма, 2%, а мажите појак миноксидил 5%.
Интересно е тоа што лекот мора да се користи постојано, а евентуален прекин (подолг од 3 месеци) може да предизвика паѓање на веќе пораснатите влакна. Резултатите се видливи после 3-4 месеци од примената на лекот, но за вистински резултати да се добијат лекот треба да се употребува подолг временски период бидејќи циклусот на раст на косата со примената на лекот изнесува околу 6 месеци, односно 6 месеци треба да одминат старото послабо влакно да отпадне и на негово место да порасне друго појако влакно.

Лекот делува кај лица кај што нема целосна ќелавост, односно постојат слаби и скоро-невидливи влакненца (vellus hair. ). Овој лек не смее да го користат лица со висок крвен притисок, а и не се нанесува на влажен скалп. Скалпот мора да биде сув и здрав, односно без рани и истиот се издава без рецепта. Бидејќи се рекламираат и други лекови за третман на ќелавост добро е да се знае дека Миноксидил претставува единствен лек во светот што е признаен од Американското биро за лекови како ефикасен лек за третман на ќелавост, а се разбира тоа врз основа на спроведени научни истражувања. Во светот овој лек може да се најде под имињата Rogaine, Kirkland, а кај нас под името Pilfud.

Број на посети: 1923


Друго интересно...!

 

Лекции што ние ви ги препорачуваме:
Windows XP Professional

Започни и ти самиот да го инсталираш Windows XP pro оперативниот систем на твојот компјутер и научи како истиот да го конфигурираш и осигураш. Лекциите се со слики што овозможува нивно непречено следење.

Интернет англиски

Учи англиски преку интернет од било каде, било кога и колку сакаш. Немаш потреба од досадни професори, кога сакаш правиш пауза кога сакаш учиш.


Почетна | Контакт | За сајтов | Спонзори | Политика на приватност | Поништување на регистрација 
Copyright © www.educirajse.com - 2012
Сите права се задржани