Јосип Броз Тито, човек кој сите власти од сите екс-југословенски држави го споменуваат во негативен контекст, а народот го цени и издига на ниво на светец, бил роден во Кумровец, Западна Хрватска, на 7 мај 1892 година. Сегашните власти на екс-југословенските држави и нивните народи имаат спротивставени мислења за него, при што едните се негативни, а другите позитивни. Првите Тито го сметаат за најголем злосторник, угнетувач, а вторите го сметаат за господ, ослободител, борец за правата на работниците. Кој е во право? Сегашните екс-југословенски власти или југословенскиот народ? Па, да го вратиме филмот наназад и соодветно да заклучиме. Јосип Броз Тито потекнува од обично и сиромашно семејство. Семејството му било толку сиромашно што многу често немале леб да јадат, или пак количината леб им била толку мала што тој и неговите 6 браќа и сестри добивале ограничени и недоволни оброци. Како дете тој морал постојано да работи, па така и самиот тој вели дека „немал детство“, односно морал да пасе крави, копа и слично. Иако сиромави, неговата мајка го учела на чесност, а после завршување на основно училиште тој емигрира и работи во странство (Словенија, Австро-Унгарија,Чешка) при тоа зачленувајќи се во синдикални организации за заштита на работничките права.
Па, соодветно на ова, Јосип Броз Тито од најмала возраст осетил каков е животот во сиромаштија, осетил какви биле правата на работниците, а потоа, откако дошол на власт во рамките на СФРЈ имал можност да се заложи за својот сиромав Југословенски народ и обесправените работници. Споредено со тогаш, денес работничкиот труд не е соодветно платен, не е соодветно заштитен законски, а до душа законот не се ни почитува. Освен тоа, Тито, како личност учена на чесност не бил склон на корупција или лично богатење, споредено со денешните властодршци кои се збогатуваат преку ноќ. Јосип Броз Тито не бил националист, бил против Голема Србија, Голема Хрватска или Голема Словенија, а со негова директна помош Македонија станува социјалистичка и независна република во склоп на СФРЈ..., односно доаѓа до исполнување на сонот на социјалистот Гоце Делчев, Даме Груев, Питу Гули, Јане Сандански од ВМРО, Македонија еден ден да стане независна држава со свој јазик, писмо и идентитет. Во времето на првата светска војна, иако војник во Австро-Унгарија, Тито директно ја подржувал Србија, водел анти-воена кампања, за што бил дури и затворен. Кога работел во Австрија тој директно и нескриено говорел и се ставал на страната на српската армија, поради што го привлекувал гневот на германските колеги. Во текот на Втората светска војна Тито, освен одличен командант, бил и одличен политичар. Успеал истовремено да ја придобие поддршката на западните сили и Советскиот Сојуз. После втората светска војна, Јосип Броз Тито се дистанцира од Советскиот Сојуз, односно Југославија ќе ја направи модерна и најнерепресивна комунистичка држава (споредено со останатите комунистички држави) со систем заснован врз пазарен социјализам, односно ќе ја основа меѓународната организација Движењето на Неврзаните која ќе се занимава со прашањето на националните борби за независност, надминувањето на сиромаштијата, економскиот развој на земјите и ќе се противи на колонијализмот, империјализмот и нео-колонијализмот, а истовремено ќе гради и потопли односи со западните држави.
Јосип Броз Тито бил против црквата и џамијата како организации, сугерирајќи да се стои понастрана од нив, а се разбира тоа довело до подобра кохезија помеѓу народностите со различна верска позадина.
Навистина, екс-југословенските земји никогаш претходно и подоцна немаат видено таков лидер, лидер кој бил најголема пречка на Хитлер за целосно освојување на Југославија, лидер кој ја создал една од најмоќните армии во светот – ЈНА, лидер кој се грижел за благодетот на својот народ, а притоа неделејќи го по етничка или верска основа, лидер кој пркосел и на Западот и Истокот со формирањето на сојузот на неврзаните.
Започни и ти самиот да го инсталираш Windows XP pro оперативниот систем на твојот компјутер и научи како истиот да го конфигурираш и осигураш. Лекциите се со слики што овозможува нивно непречено следење.