Почетна |Здравје | Зошто треба да се откажеме од цигарите!
Има 1 слики
Многу пати слушаме за тоа како цигарите биле штетни, опасни за нашето здравје, но ние сепак продолжуваме да си повлекуваме димче и си велиме дека има луѓе што не пушеле па заболеле од рак на белите дробови па починале. Но, утеха си е утеха, а факт е факт. Факт е дека 30% од лицата кои починале од некаков вид на рак биле пушачи, а исто така и 87% од лицата кои починале од рак на белите дробови биле пушачи. Се разбира, пушењето како фактор на заболување од некаков вид на рак не е случајност, односно од 250-те штетни хемикалии што цигарите ги содржат најмалку 69 се каннцерогени: Ацеталдехид, ароматични амини, арсен, бензен, бензо-пирен, буадиен, кадмиум, хром, кумен, етилен-оксид, формалдехид, никел, полониум – 21, винил-хлорид, полициклични ароматични хидрокарбони (PAH)
Пушењето е штетно и за кардиоваскуларното здравје, односно за циркулацијата. Па така, хемикалиите во цигарите ја прават крвта погуста, а тоа може да доведе до појава на тромбови. Тоа исто така доведува до зголемен крвен притисок и забрзано срцево отчукување, односно срцето испумпува потешко.
Пушењето ги стеснува артериите со што се намалува циркулирањето на крв богата со кислород до самите органи. Кај мажите пушењето може да предизвика и еректилна дисфункција. Добрата вест е дека со прекин на пушење од само една година ризикот да се добие некоја болест поврзана со пушењето се намалува за половина, а доколку не пушиме веќе 15 години тогаш ризикот за добивање некаква таква болест се намалува на 0%. Пушењето не што само предизвикува рак на белите дробови, туку го уништува и ткивото на белите дробови што може да доведе до Хронична опструктивна пулмонална болест (ХОПБ) што се карактеризира со тешкотии во дишењето (хронично мал проток на воздух) првенствено поради стеснување на дишните патишта. Па, иако знаеме дека пушењето е лоша навика, сепак тешко се откажуваме, но навистина вреди тоа да се направи...
Започни и ти самиот да го инсталираш Windows XP pro оперативниот систем на твојот компјутер и научи како истиот да го конфигурираш и осигураш. Лекциите се со слики што овозможува нивно непречено следење.